НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ДЕНЕСКА ЌЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Морачанин од ДОМ очекува конструктивна лидерска средба

Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е заеднички да разговараме за стратешки прашања важни за државата и за народот, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

135

Очекувам да имаме комуникативна дискусија, бидејќи сите партии јасно се декларираат дека се проевропски, односно дека во нивните програмски цели е членството на Македонија во ЕУ, изјави лидерката на политичката партија ДОМ, пред вратите на Собранието каде што се очекува во секој момент да започне лидерската средба.

– Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е заеднички да разговараме за стратешки прашања важни за државата и за народот. Не знам кои се гаранциите кои опозицијата ги бара, па потоа можеме да дискутираме кој може тоа да го обезбеди – рече Морачанин пред влегувањето на закажаната лидерска средба во Собранието.






Таа смета дека условувањата никому не носат добро, бидејќи темата на денешната средба е европската интеграција на земјава.

– Ова барање на опозицијата за предвремени избори датира уште од локалните избори. Фокусот треба да ни биде ставен на предбродување на економската криза. Наша заложба како ДОМ е овие реформи неопходни за државата, поинтензивно да се спроведуваат во државата – изјави меѓудругото лидерката на ДОМ.

Поврзани содржини