НЕ ВЕРУВАЈТЕ ДОДЕКА НЕ ВИДИТЕ, НО… Трамп повикува на воздржаност во поглед на мировниот план за Украина

„Не верувајте додека не видите, но можеби нешто добро се случува. Бог нека ја благослови Америка“, напиша Трамп.

1,318

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно се огласи во врска со мировните преговори за завршување на војната во Украина, објавувајќи на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social) загадочна порака.
„Не верувајте дека е постигнат голем напредок помеѓу Русија и Украина – уште не“, предупреди американскиот претседател.
„Дали навистина е можно да е постигнат голем напредок во мировните преговори помеѓу Русија и Украина? Не верувајте додека не видите, но можеби нешто добро се случува. Бог нека ја благослови Америка“, напиша Трамп.






Поврзани содржини