НЕ УСПЕАВМЕ ДА ГИ ПРЕМИСЛИМЕ АМЕРИКАНЦИТЕ ЗА ГРЕНЛАНД Данска бара почит, не гледа ниту руска, ниту кинеска закана

Шефот на дипломатијата на Данска призна дека ситуацијата на север се променила. Според него времето на мир е завршено но нагласи дека тоа не значи дека САД треба да ја „преземат“ Гренланд. Сепак, тој вели дека е непотребно да дојде до ситуација кога САД го поседуваат островот. Расмусен истакнува дека Данска сака соработка со САД базирана на почит.

552

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен во Вашингтон изјави дека разговорите со американските претставници за идниот статус на Гренланд биле „отворени, но без промена на американската позиција“.

– Јасно е дека претседателот има желба да го „освои“ Гренланд, но ние многу јасно ставивме до знаење дека тоа не е во интерес на Кралството Данска – рече Расмусен на заедничката конференција со министерката од Гренланд Вивиан Моцфелт.






„Нема закани од Русија и од Кина“

Тој истакна дека „нема закани од Русија и од Кина кои Данска и Гренланд не можат сами да ги менаџираат“, нагласувајќи дека секое идно решение мора да ги почитува „црвените линии“ на Копенхаген за територијален суверенитет.

– Сакаме соработка со американските пријатели и сојузници, но тоа мора да биде соработка со почит – додаде Расмусен.

„Новата безбедносна реалност во Арктикот“

Расмусен призна дека ситуацијата на север се променила. Според него времето на мр е завршено но нагласи дека тоа не значи дека САД треба да ја „преземат“ Гренланд.

– Разликата е во тоа дали треба да дојде до ситуација каде што Америка го „поседува“ Гренланд, а тоа е апсолутно непотребно – рече тој.

Министерот додаде дека Данска сака „конструктивен дијалог“ и дека создавање сензации преку медиуми „само ги влошува недоразбирањата“.

Моцфелт од своја страна потврди дека Гренланд е отворен за соработка со САД, но „тоа не подразбира американска сопственост“.

Европа зад Данска

Европскиот парламент издаде соопштение со „цврста поддршка“ за Данска и Гренланд, остро осудувајќи ги американските амбиции.

„Секој обид да се поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд е спротивен на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации“, стои во изјавата на европратениците.

Во меѓувреме, Доналд Трамп преку својата мрежа Икс ја зголеми тензијата, објавувајќи:

„НАТО: Кажете ѝ на Данска да ги тргне Русите и Кинезите оттаму! Две санки со кучиња нема да ja завршат работата! Само САД можат!!!“

 

 

Поврзани содржини