НЕ ТРОШЕТЕ ВОДА ЗА ПЕРЕЊЕ КОЛИ, ЗА БАЗЕНИ, НИВИ… Апел од Водовод до скопјани за рационализирана потрошувачка
Од Водовод укажуваат дека ваквите појави не само што го оптоваруваат системот, туку и негативно влијаат на квалитетот на водоснабдувањето за сите граѓани во Скопје.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните за внимателно и рационално користење на водата, поради зголемена потрошувачка што е регистрирана во текот на летниот период.
– Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење на автомобили, за полнење на базени, како и да се спречи злоупотребата преку диви приклучоци – велат од претпријатието.
Од Водовод укажуваат дека ваквите појави не само што го оптоваруваат системот, туку и негативно влијаат на квалитетот на водоснабдувањето за сите граѓани во Скопје.
Граѓаните кои ќе забележат нерегуларности, како што се диви приклучоци, може да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на: [email protected] или преку веб-страницата: www.vodovod-skopje.com.mk.