НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПОПОВА ШАПКА БЕЗ СИНЏИРИ ЗА ВОЗИЛАТА Сообраќајот на останатите патишта се одвива нормално
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка активна e забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири), соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.