НЕ ТРГНУВАЈТЕ КОН БЛАЦЕ Пожар го запре сообраќајот во двата правци

317

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи.

„МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, се наведува во соопштението.






Повеќе од 70 тони вода денеска биле исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце.

„Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 кои се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода“, информира МВР.

Поврзани содржини