🎥📷 НЕ ТРЕБА ТРЕНЕР, ТУКА Е ЈЕЛЕНА! Во најтешкиот момент Ѓоковиќ се сврте кон неа – таа вака реагираше
Јелена е мојот „ново-стар психолог“, изјави Новак Ѓоковиќ истакнувајќи ја улогата на својата сопруга во ложата на Ролан Гарос.
Новак Ѓоковиќ по пресврт во уште еден маратонски меч во пет сета, го совлада Франциско Серундоло и се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Најдобриот светски тенисер се здоби со повреда на коленото, а потоа незгодно падна, се скара со супервизорот, доби свирежи од трибините и на крајот славеше.
Голема улога во сето тоа имаше неговата сопруга Јелена која седи во неговата ложа, покрај луѓето од тимот кои се грижат за неговата форма и физичка подготвеност.
Се чини дека овој пат, повеќе од кога било, Јелена влијаеше на текот на мечот, бидејќи на турнирот во Париз во неколку наврати Новак комуницира со својата сопруга меѓу поените.
Една таква ситуација се случи на мечот против Серундоло во петтиот сет кога Новак сервираше за да го потврди брејкот.
Во тој момент Ѓоковиќ нешто го изнервира, а Јелена беше тука на кратко да поразговараат и да се обиде да му го промени расположението.
They still have a time for wife and husband stuff. pic.twitter.com/c0OMKumVWa
— Gerda Pardiac (@GerdaPardiac) June 3, 2024
Најдобриот тенисер на сите времиња не се расправаше со сопругата, но таа се обиде да го опушти и да го натера да се концентрира пред еден многу важен дел од мечот.
Истата ситуација се случи и во претходното коло против Лоренцо Музети кога светскиот рекет број еден истакна дека неговата сопруга е неговиот „ново-стар психолог“.