НЕ ТРЕБА МАКЕДОНИЈА ДА СИ ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА Ѓорчев прашува дали ЕУ е подготвена за проширување

895

ВМРО-ДПМНЕ има конзистентни ставови, додека власта гледаме како две години вели дека следниот месец ќе има гласање за уставните измени и не можат да дојдат до бројките. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен и е поддржан од убедливото мнозинство на граѓани. А власта е таа која презела обврски кои не може да ги исполни и е ставена во тесно, изјави Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

– Нашата улога е да ги браниме позициите на Македонија, да градиме пријателства да комуницираме, но да се грижиме за самите себе, ако сам не се почитуваш никој нема да те почитува – рече Ѓорчев.






Ѓорчев посочи дека ЕУ уште не е подготвена за проширување и дека од 2013 до сега нема никакво проширување на ЕУ, а земјите како Србија, Црна Гора, Турција не се до никаде со преговорите, додека Грција сега и става вето на Албанија.

– Ние сакаме да се приклучиме до ЕУ, но ЕУ треба да каже дека е подготвена за проширување. Не треба Македонија да си ја продаде куќата. Политиката на неразбраните трговци СДС и ДУИ е она што не доведе во ситуација да Македонија постојано дава концесии на сметка на македонскиот народ а ништо да не добива. Ќе водиме сметка за Македонија, ќе работиме она што е важно за македонскиот народ – истакна Ѓорчев.

Во однос на бугарските барања, тој изјави дека Ковачевски, Пендаровски и Османи им ги исполнија сите барања 150 години наназад, со што е направена голема стратешка штета.

-Од една страна ги имаме првенците на оваа влада кои туркаат агенда која не е во интерес на Македонија со нови и дополнителни барања, а тој филм сме го гледале изминативе 30 години да направиме отстапки а да не добиеме ништо. Доста беше отстапки, ние сме за добрососедски односи но тоа да биде двострано, врз база на реципроцитет – нагласи Ѓорчев.

Поврзани содржини