НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Пендаровски појасни зошто не го потпишува Законот за игри на среќа

Никој не спори дали е законот добар или лош вели, но не смее да биде злоупотребувано европското знаменце - рече шефот на државата Стево Пендаровски.

129

Европската Унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игрите на среќа – рече претседателот Стево Пендаровски денеска при посетата на Универзитетот во Тетово.

Воедно, тој одговори на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува ваквиот начин на носење на закони.






-Јас не мислам дека писмен допис од Брисел за било кого тука во земја кандидат која преговара за членство во Европска Унија може да се каже дека е приказна за мали деца. Според мене, тоа е сериозно укажување кое не би смеело како однесување да го повторуваме понатаму. Пред еден месец Европската комисија, значи Европска Унија од Брисел праќа писмо до Владата и вели во процедура во Собрание имате закон со кој практично се злоупотребува европското знаме, бидејќи таква европска директива нема. Меѓутоа, пратениците тераат до крај, го усвојуваат тој закон. Пред неколку дена доаѓа европскиот амбасадор кај мене и ми вели, ова е злоупотреба уште една во серија на европското знаме, никој не спори дали е законот добар или лош вели, не смее да биде злоупотребувано европското знаме – рече Пенаровски.

Тој посочува дека ако сакаме да одиме во Европска Унија, мораме пред да станеме членки да се однесуваме како прави европјани. Вели, ова е направенио на балкански начин, а во извештајот за нашиот прогрес во октомври, што се објавува секоја година, имаме серија критики зошто некои закони ги носиме на таков начин.

Пендаровски образложи дека мора да има прецизна европска директива со број и датум кога е донесена. Потенцира дека не навлегува воопшто во содржината на законот, дали е добар или не, туку дека го вратил поради повеќето писмени забелешки на ЕУ.

– Во овој случај такво нешто нема и затоа треба законот да оди во редовна процедура и да не трае само 2, 3 дена, целата расправа, само тоа е. Не велиме дали е добар или лош законот како содржина може да е одличен. Меѓутоа велиме мора да се однесуваме како Европа. Бидејќи јас сум легалист за мене најважна работа е тоа да го нема. Кога ќе оди во редовна процедура ќе ги чуеме аргументите и на едните и на другите и македонската јавност ќе ги чуе и ќе заклучиме што е најдобро за неа – истакна Пендаровски.

На прашањето дали ќе се кандидира за претседател Пендаровски рече дека одлуката ќе биде донесена за околу пет до десет дена.

 

Поврзани содржини