НЕ ТРЕБА ДА СЕ НОСАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ ЗА ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП КОН УКРАИНА Франција е спремна да соработува со новата влада на САД
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, изјави дека меѓународната заедница ќе изгуби премногу ако Русија се извлече со пристапот „моќта е право".
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, денеска предупреди против носење предвремени заклучоци за идните политики на САД, под раководството на Доналд Трамп, во врска со војната во Украина, јави ДПА.
Предупредувањето на Баро доаѓа среде некои очекувања дека новата администрација на Трамп би можела да се обиде да склучи мировен договор на штета на украинските интереси.
– Во врска со шпекулациите за можните позиции или иницијативи на новата американска администрација, сметам дека не треба ништо да се прејудицира. Tреба да одвоиме време за да соработуваме со администрацијата – изјави Баро на Форумот за мир во Париз, годишен настан за меѓународен дијалог.
Тој нагласи дека Франција е подготвена да го направи тоа со амбиција бидејќи Франција верува дека треба да ѝ даде средства на Украина за да го одбие рускиот напад.
Баро додаде дека меѓународната заедница „ќе изгуби премногу ако Русија се извлече со пристапот ‘моќта е право'”.
Вашингтон пост вчера објави дека Трамп, во четвртокот, телефонски разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин, советувајќи го да не ја влошува ситуацијата. Кремљ денеска ја демантираше веста, нарекувајќи ја „целосно лажна информација“.
- TРАМП РАЗГОВАРАЛ СО ПУТИН Му рекол на рускиот лидер да не ескалира војната во Украина
- ТОА Е ЦЕЛОСНО ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА Кремљ негира дека Путин и Трамп разговарале по телефон
Во секои идни мировни преговори, „ништо не може да се постигне во врска со Украина без самите Украинци“, нагласи тој.