„НЕ ТРЕБА ДА СЕ НАПАЃААТ ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ЗА ДА СЕ ПОБЕДИ“ Протече тајниот разговор помеѓу Путин и Макрон

Макрон беше навистина вознемирен. Звучеше како многу тешко навестување дека Путин би можел да детонира тактичко нуклеарно оружје на истокот од Украина, а Киев да го остави недопрен. Се чини како тоа да е неговата смисла за закана - изјавил извор од француската влада.

1,278

Не треба да се напаѓаат големите градови за да се победи. Ова му го рекол рускиот претседател Владимир Путин на францускиот колега Емануел Макрон, раскажувајќи му лекција по историја и зборувајќи му за нуклеарните бомби поради кои Јапонија се предаде и кои означија крај на Втората светска војна.

Путин го потсетил Макрон и на податокот дека со експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, убиени биле помеѓу 129.000 и 226.000 луѓе од кои поголем дел беа цивили.






– Макрон беше навистина вознемирен. Звучеше како многу тешко навестување дека Путин би можел да детонира тактичко нуклеарно оружје на истокот од Украина, а Киев да го остави недопрен. Се чини како тоа да е неговата смисла за закана – изјавил извор од француската влада.

Тој додал и дека двајцата претседатели разговарале за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

– Путин сака да пренесе порака дека сите опции се во игра, во состав со руската доктрина која се однесува на нуклеарното оружје – соопштил владиниот извор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата безбедноста служба наводно изјавиле дека сепак постои голем ризик дека Русија би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје.

И самиот Путин наводно предупредил дека доколку западните сили го загрозат интегритетот на руската територија, Русија сигурно ќе ги искористи сите средства кои ѝ се на располагање, додавајќи: „Ова не е блеф“.

Макрон на 12 октомври во интервју изјавил дека Франција нема да употреби нуклеарно оружје како одговор на руските нуклеарни напади на Украина.

– Франција има нуклеарна доктрина која се темели на виталните интереси на земјите и која јасно е дефинирана. Тоа не би било во прашање доколку дојдеше до нуклеарен балистички напад во Украина или во регионот – изјавил Макрон.

Поврзани содржини