НЕ ТРЕБА ДА ПОМИНАТ ДЕЦЕНИИ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ПРИДРУЖАТ НА ЕУ Мораме да го охрабриме процесот на реформи

Мораме да го охрабриме процесот на реформи, но тој не може да трае со децении пред барем една од тие земји да се приклучи на ЕУ - наведе премиерот на Луксембург по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, каде ќе се разговара за проширувањето на ЕУ.

330

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, денеска во Брисел изјави дека е потребно ЕУ да ја сфати геополитичката важност на процесот на проширување.

– Мислам дека главната порака за нас, исто така и во западна Европа, е дека треба да водиме сметка за Западен Балкан. Мораме да го охрабриме процесот на реформи, но тој не може да трае со децении пред барем една од тие земји да се приклучи на ЕУ – наведе Фриден по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, каде ќе се разговара за проширувањето на ЕУ.






Тој додаде дека вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан за него бил „особено интересен и исклучително корисен“ и оцени дека тоа беше „многу важен состанок“.

Поврзани содржини