Не треба да менуваме ништо во пристапот со Бугарија, вели Пендаровски

Според него, во досегашните преговори со Бугарија немало рационални аргументи од нивна страна

630

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервјуто за МРТ рече дека државата нема потреба да го менува пристапот во преговорите со Бугарија.

– Во моментов не треба да менуваме ништо во пристапот, туку треба да почекаме од Софија, не да дојдат нови луѓе на власт, туку истиве да сфатат дека ако им беше мотивот избори и сакаа да остварат подобри резултати на нив со ветото, сега имаат цел мандат пред нив и можеме да се свртиме кон рационални аргументи во преговорите – рече Пендаровски.






Според него, во досегашните преговори со Бугарија немало рационални аргументи од нивна страна

– Тие нема што да разговараат како Бугари кои зборуваат бугарски јазик со Македонци кои зборуваат на македонски јазик. Нивниот јазик никој не ги спори – вели претседателот.

Тој дополни дека не гледа потреба од анекс на Договорот за добрососедство и заклучи дека ова е политички спор.

Поврзани содржини