📷 НЕ СУМ ЗА СИЛНИ НАДЛЕЖНОСТИ, СТРАВУВАМ ОД БАЛКАНСКИ БОНАПАРТА Силјановска Давкова се обрати на изборната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседател
Силјановска Давкова на Конвенцијата посочи дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, да обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите.
Неодамна ја слушнав изјавата на Герт Јан Копман кој констатира дека Балканот предолго беше сам. Знам дека многу од моите колеги велат дека е недовршена симфонија ЕУ, без Западен Балкан. Други велат дека е Ахилова петица. Време е за промени!”, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.
Таа во текот на своето обраќање посочи дека некој го разубавува Уставот, некој се обидува да го севернизира Уставот, но ќе остане доказ за тоа кој е во право, а кој не.
-Ве предупредувам дека во Уставот има еден член кој што е гласен сведок на нашата историја, а химната се чинам дека како никој друг прегнантно не ја содржи во себе тешката историја. Член 36 вели Република Македонија им гарантира посебни социјални права на борците од антифашистичката војна и од сите ослободителни војни за Македонија на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност како и на членовите на нивните семејства кои немаат можност за материјална и социјална егзистенција. Посебните права ќе се редат со закон. Инициравме ваков закон. На тоа беше одговорено дека ќе биде атакуван со илјадници амадмани. Колку некој да го разубавува уставот, колку некој да го севернизира уставот, но ќе остане некој доказ за тоа кој е во право, а кој не – рече таа.
Силјановска Давкова истакна дека во Уставот пишува дека ние нема да се мешаме во внатрешните работи, а нас цело време ни се мешаат соседите.
-Исто така нешто што не постои во ниту еден Устав на планетата, а не во европските држави го содржи нашиот Устав. Во него пишува дека нема да се мешаме во внатрешните работи на другите држави, а замислете цело време соседите ни се мешаат – вели Силјановска Давкова.
Таа истакна дека е среќна што повторно е среќна што е на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија затоа што инспирацијата и доаѓа од една претседателка на земја со слично минато како нашето, Мери Робинсон, интелектуалка која не беше членка на политичка партија.
Силјановска Давкова посочи дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, да обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите.
– Кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, не сум за силни надлежности и силни претседатели затоа што во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта. Претседателката, претседателот мора да обединува, да биде проактивен а не реактивен, да се води од Копенхагенските критериуми, да ги претставува сите без оглед на етнос, вера, пол, род, статус, да биде почитуван и да почитува, да едуцира, да биде горд, да почитува соработка, мирно решавање на споровите, да има чувство, да биде емпатичен, да има регионален преглед, затоа што ако не ги брани соседите тогаш нема да го бранат ниту него. Нам ни треба скандинавизација во однесувањето – нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова запраша за тоа кој ја креира сликата на Македонија во меѓународните односи, односно кои се амбасадорите и конзулите?
– Сте се запрашале ли кој ја креира сликата на Македонија надвор во меѓународните односи? Кои се амбасадорите, конзулите? Не се чудам тогаш зошто вака се однесуваат кон нас зошто нивната слика е сликата за нас ама нашата слика не е нивната слика затоа се тие понизни кон меѓународната заедница зошто го зборуваат тоа што тие понекогаш сакаат да го чујат наместо рамноправно да дискутираат и да бараат разбирање. Македонија јас ја доживувам како една преумна, храбра, образована, културна жена. Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста – истакна таа.