НЕ СУМ РАЗГОВАРАЛ СО ЦРВЕНКОВСКИ Димитриевски вели дека иницијативата е отворена за сите

1,978

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, вели дека не е точно дека Црвенковски е вклучен во иницијативата која е во план да прерасне во здружение на граѓани со кое ќе се настапи на следните парламентарни избори.

– Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привлекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите – рече Димитриевски во вестите на Тв Сител.






Тој додаде дека уште ништо не е дефинирано затоа што постојано доаѓаат голем број идеи и иницијативи.

– Имаме контакт со голем број на луѓе. Нашата иницијатива „За наше Куманово“ веќе даде резултат. Тоа што ќе се формира ќе биде граѓанско здружение за граѓаните – рече Димитриевски околу формирањето на нов политички субјект.

Како позитивен пример во актуелниот владин состав Димитриевски го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за кој рече дека е флексибилен кадар со кој може да се соработува.

На прашањето околу неговиот коментар за уставни промени, Димитриевски порача:

– Уставот не е тефтер што се пишува или препишува секој ден. Сепак треба да постои реципроцитет.

 

Поврзани содржини