НЕ СУМ ПОТПИШАЛ ДОКУМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор

Се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока, порача бугарскиот премиер Кирил Петков.

262

Не сум потпишал документ од бугарска страна за Македонија, бидејќи секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и до постојната рамковна позиција, порача бугарскиот премиер Кирил Петков пред најавената утрешна посета на Битола.

– Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е сето ова. Заеднички работиме на покревање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество – нагласи Петков.






Според него, фактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

– Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока – рече Петков.

Поврзани содржини