„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади
Не му нудам ништо на Иран, за разлика од (поранешниот претседател Барак) Обама, кој им даде милијарди долари, за договорот од 2015 година познат како JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) потпишан од неколку земји. Јас дури и не разговарам со нив, бидејќи целосно ги уништивме нивните нуклеарни објекти, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Social Truth).
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ништо не му понудил на Иран и оти „воопшто не разговара“ со иранските лидери.
„Не му нудам ништо на Иран, за разлика од (поранешниот претседател Барак) Обама, кој им даде милијарди долари, за договорот од 2015 година познат како JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) потпишан од неколку земји. Јас дури и не разговарам со нив, бидејќи целосно ги уништивме нивните нуклеарни објекти“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Social Truth).
Тој пред три дена предупреди дека САД несомнено ќе извршат понатамошни напади врз Иран ако земјата збогати ураниум до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје.
– Дипломатските разговори со Вашингтон можат да продолжат само ако САД ги отфрлат понатамошните напади врз Иран – изјави вчера иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт Раванчи.