НЕ СУМ АЛБАНОФОБ, ТУКУ СУМ КРИМИНАЛОФОБ Ги презирам оние кои во политиката влегоа како голтари, а излегоа милионери, рече Мицкоски

20 години политичките криминалци градеа дворци, купуваа трговски центри и скапи деловни простории. мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ, а криминалофоб и тие ќе одговараат од прв до последен, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.

38

Поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДСМ и ДУИ, потпомогнати од Левица, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.

Оваа нивна коалиција, порача тој, е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза.






– Тоа се партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и сега – рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака и до раководството на ДУИ, јасно посочувајќи им дека не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци.

– На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ, како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци, за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас оттука од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија. Но, да, сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години, кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте – порача Мицкоски.

Поврзани содржини