НЕ СТИВНУВА МЕТЕЖОТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ На Табановце се чека 40 минути
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП Табановце за влез и за излез од државата, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на патиштаta се одвива непречено по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.