САКАТЕ НОВИ МОЖНОСТИ? NU Првиот колеџ за средношколци е создаден за ученици кои сакаат повеќе од традиционалното образование

NU Колеџот нуди три иновативни програми за веб програмирање, графички дизајн и инфлуенсер маркетинг. Секоја програма е дизајнирана со 80% практична работа, што ќе им овозможи на учениците да се стекнат со реални искуства и деловни вештини и да се подготват за нивната идна академска и професионална кариера.

194

Доколку барате дополнителни можности за развој на вашето дете, размислете за колеџ за средношколци кој ја поттикнува нивната иновативност и креативност преку практична работа. Сега ваквата можност е достапна преку NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ) кој е осмислен да им овозможи на учениците да се стекнат со применливи знаења и вештини преку работа на реални проекти со користење на современи технолошки алатки.

Со усовршувањето на нивните практични вештини и создавањето на производ, учениците добиваат конкурентна предност при градењето на нивната академска кариера и се подготвуваат за предизвиците на динамичниот пазар на труд.






NU College е дел од богатото портфолио на едукативно-технолошкиот центар Бреинстер. Досегашното успешно искуство го поттикна професионалниот тим на Бреинстер да го создаде NU Колеџот со цел да го редефинира искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование.

NU Колеџот нуди три иновативни програми за веб програмирање, графички дизајн и инфлуенсер маркетинг. Секоја програма е дизајнирана со 80% практична работа, што ќе им овозможи на учениците да се стекнат со реални искуства и деловни вештини и да се подготват за нивната идна академска и професионална кариера.

Наставата на NU ќе се одвива после часови, како воншколска активност и со можност за избор помеѓу учење од училница или онлајн според потребите на учениците.

Принципот од кој „Бреинстер“ се водеше при конципирањето на програмите на NU Колеџот е замена на теоријата со практична работа, тестовите и дефинициите со реални проекти, а оценките со вистинска вредност – заработка за успешно завршен проект.

Преку оваа уникатна методологија, учениците ќе имаат можност да ги продлабочат своите иновативни и креативни вештини и да изградат врски со професионалниот свет и компаниите уште во средношколските денови.

Што значи принципот „креирај, па учи“?

Менторите на NU Колеџот, искусни професионалци и експерти во своите области, ќе ги водат учениците преку интерактивен пристап, со ангажирање во реални проекти и предизвици. Овој метод, „креирај, па учи“, го поддржува развојот на креативноста и помага учениците да го насочат својот талент кон практични резултати.

Преку работа на автентични проекти, учениците ги развиваат своите вештини за планирање, изведба и презентација и стекнуваат знаења кои се клучни за нивната идна кариера.

Какви програми се достапни на NU Колеџот?

Секоја програма трае по шест месеци и е внимателно осмислена за да ги поврзе младите со најновите технологии и да им обезбеди релевантни вештини за нивно ефективно користење. Тие се изработени според стандардите на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) што претставува дополнителен мотив за вклучување на една од трите програми.

Веб програмирање x AI: Оваа програма ги подготвува учениците да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и да ги претворат своите идеи во профитабилни проекти.

Графички дизајн x AI: Учениците учат да создаваат визуелно впечатливи и професионални дизајни, од логоа и постери до комплетни бренд идентитети за реални компании.

Инфлуенсер маркетинг x AI: Програмата ги обучува младите да станат инфлуенсери и дигитални креатори, совладувајќи ги вештините за креирање содржини за реални брендови и заработка од нив.

Со нивно комплетирање, пак, учениците ќе добијат еквивалент на кредити од еден предмет кои ќе можат да ги искористат на некои од врвните универзитети од соседството и од Европа со кои NU Колеџот веќе остварува соработки. Ова им дава значителна предност на учениците на NU при прием на високообразовни институции.

NU Колеџот ќе започне со настава оваа есен. Во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места. Можат да се пријавуваат средношколци од прва до четврта година.

Доколку ова ви звучи интересно, пријавете се на листата на чекање преку официјалната веб-страница nucollege.ai или побарајте повеќе информации за програмите на NU преку [email protected] или со закажување на инфо средба на бројот 071 333 540.

 

Поврзани содржини