📷 „НЕ СТЕ СВЕСНИ ШТО МОЖЕ ГОСПОД ДА ВИ НАПРАВИ!“ Српските актерки и пејачки ја поддржаа Северина откако го изгуби старателството над синот

Откако Врховниот суд во Хрватска ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и на музичката ѕвезда Северина Вучковиќ во целост и го одзема заедничкото старателство над синот Александар кој го има со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, се огласија многу познати дами од Србија.

496

Прва меѓу нив е српската актерка Милена Радуловиќ која истакна дека секогаш ќе ја поддржува Северина.

– Се чини дека темата „мајка“ не завршува. Поддршка за Северина, на која повторно и се одзема старателството и нејзината страсна борба за својот син, кој секако изјави дека сака да биде со мајка му – напиша Милена на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Исто така, Наташа Беквалац, Милица Тодоровиќ, Емина Јаховиќ, Тијана Дапчевиќ, Софија Милошевиќ оставија емотикони од срца под потресната објава на Северина во која таа се обиде да ја опише својата болка.

– Никогаш не допирајте нечија мајка, не сте свесни што може Господ да ви направи! – напиша Сека Алексиќ.

Според одлуката на Врховниот суд, на Северина и е укината пресудата од 2021 година и сега целосно старателство над сè уште малолетниот Александар (11) има само таткото Милан Поповиќ.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини