НЕ СТАСАВМЕ НИ ЛЕБ ДА КУПИМЕ Струмичанец сведочи како е денеска во Киев (ВИДЕО)

Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно, рече Игор Ангелов за Струмица денес.

1,380

Македонец кој живее на околу 23 километри од Киев, Украина, открива каква е состојбата денеска во земјата. Игор Ангелов, кој е оженет за Украинка од 2014 година, живее во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област.

– Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме… Купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно – рече тој за Струмица денес.

Тој додава дека неговите во Македонија се многу исплашени и дека до аеродромот нема опција како да се стаса, бидејќи е блокиран патот помеѓу Бровари-Киев.

Целото сведоштво во видеото во продолжение.

 






Поврзани содржини