НЕ СПИЕМЕ ОТКАКО ПОЧНА ВОЈНАТА Зеленски со порака – „ќе ги победиме сите!“
Ќе ги победиме сите. Вака започна сè на 24 февруари 2022 година. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтешкиот ден во нашата понова историја. Се разбудивме рано и оттогаш не спиеме, вели Зеленски во својата видеопорака на годишнината од војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа првата годишнина од војната на Русија во Украина со порака за непокор до својот народ, нагласувајќи: „Ќе ги победиме сите“.
Во видеото кое кружи во медиумите и насловено „годината на на непобедливоста“, во кое 45-годишниот шеф на државата им се обраќа на Украинците.
– Пред една година на денешен ден, од ова исто место, околу седум часот наутро, ви се обратив со куса изјава која траеше само 67 секунди – рече тој во својот 15-минутен говор.
-…Ние сме силни. Подготвени сме на сè. Ќе ги победиме сите. Вака започна сè на 24 февруари 2022 година. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтешкиот ден во нашата понова историја. Се разбудивме рано и оттогаш не спиеме.
Американскиот претседател Џо Бајден на годишнината од почетокот на војната во Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин пред една година мислел дека брзо ќе го освои Киев, но потоа дозна за храброста на Украина и железната волја на нациите во светот.
„Пред една година, претседателот Путин мислеше дека брзо ќе го освои Киев. А потоа ја запозна храброста на Украинците и железната волја на народите ширум светот“, се наведува во објавата на официјалниот Твитер профил на американскиот претседател.