НЕ СМЕЕЛ ДА МУ ДОЗВОЛИ НА ЏАФЕРИ ДА БИДЕ И ПРЕМИЕР И ПРАТЕНИК Левица му поднесе кривична на Гаши

692

Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши, поради, како што велат, основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.

– Оваа прва пријава против актуелниот собраниски спикер е поднесена поради пропуштање службено дејствие и свесно и злонамерно несовесно и противзаконито постапување во случајот со неодземањето на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ поради уставна инкомпатибилност и неспојливост на функциите „премиер“ и „пратеник“. Пријавениот, согласно императивни одредби од дури четири важечки закони и од Деловникот на Собранието, бил должен да ја констатира состојбата на судир на интереси и кумулација на функции кај Џафери и да го дополни Дневниот ред на првата наредна собраниска пленарна седница, но истиот одбил да го стори тоа што му било изрична обврска и покрај поднесеното писмено барање од пратеничката група на Левица, како и покрај јавните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата – велат од Левица.






Правниот тим на Левица најавува дека будно ќе ја следи законитоста во работењето на новиот собраниски спикер и соодветно ќе реагира на секое противзаконито постапување или непостапување.

Поврзани содржини