НЕ СМЕЕЛ ДА Ѝ ГО ДОПИРА ЛИЦЕТО, ТОА МУ НОСЕЛО ПАРИ Поранешниот сопруг со години ја злоставувал светската манекенка
Еден од најпознатите супермодели од 90-тите, Линда Евангелиста, проговори за тоа како Џералд Мари ја злоставувал во текот на нивниот петгодишен брак.
Еден од најпознатите супермодели од 90-тите, Линда Евангелиста, проговори за тоа како Џералд Мари ја злоставувал во текот на нивниот петгодишен брак.
Канадскиот супермодел Линда Евангелиста ја сподели својата шокантна исповед во документарниот филм „Супермодели“, испраќајќи силна порака за поддршка на жртвите кои пријавуваат насилство и сексуална злоупотреба.
Таа сподели дека и самата била жртва на злоставување и дека нејзиниот поранешен сопруг Џералд Мари ја малтретирал во бракот.
Таа се омажи за Џералд, поранешниот европски директор на „Елит моделс“, кога имаше 22 години, а се разведе на 27 години. Тој подоцна беше обвинет од 13 модели за силување и сексуален напад во текот на 1980-тите и 1990-тите.
Некои од нив биле малолетни во моментот на сексуалната злоупотреба, на околу 14 години. Мари ги отфрли сите наводи и во февруари оваа година француските обвинители ја затворија истрагата поради застареност.
Линда Евангелиста вели дека верувала во сите тврдења на жените и дека се восхитува на „нивната храброст и сила“. Манекенката откри дека и дале храброст да проговори, но дека нивните обвинувања и го скршиле срцето.
– Би сакала правдата да биде задоволена. Би сакала таква група луѓе двапати да размислат и да се плашат и би сакала жените да знаат дека не се сами – открила Линда.
Кога зборувала за нејзиниот брак за првпат, тврдеше:
– Сфатив дека сум во погрешна врска. Напуштањето на навредлива врска е полесно да се каже отколку да се направи. Не е само да кажеш дека сакам развод, се гледаме, не функционира така. Но, знаеше дека не смее да ми го допира лицето, тоа му носеше пари.
Евангелиста вели дека не ја раскажала својата приказна порано од страв, туку дека сите жени кои се јавиле и дале сила и храброст да проговори.
– Во текот на врската со Џералд не знаев ништо за тие сексуални обвинувања, па не можев да им помогнам на тие жени. Слушајќи ги сега и врз основа на моето искуство, верувам дека ја кажуваат вистината. Срцето ми се крши бидејќи тоа се рани кои можеби никогаш нема да зараснат и се восхитувам на нивната храброст и сила – изјави Линда претходно за „Гардијан“.