Не смее да се преговара за историско-политичката генеза и континуитет на македонскиот народ и нација
Заебете флоскули и извртени тези, луѓето знаат што бранат и за што се залагаат.
Не се согласувам со ставот на нашите власти, толку груевистички во суштина, дека немало да се преговара за нашите црвени линии – јазикот и идентитетот, а за сė друго ќе преговарале.
Јазикот и идентитетот произлегуваат од нашето право на самоопределување и од фактот дека сме признати како независна и суверена држава.
И нема што да ни прикажувате како придобивка дека за тоа нема да се преговара. Курац, се подразбира, и тоа не е никаква концесија.
Тоа што реакциите на луѓето, па и историчарите ви кажуваат, е дека нема да се преговара ни за историско-политичката генеза и континуитет на македонскиот народ и нација.
Нема да се преговара за историските факти и вистини дека сме произлегле како нација преку учеството во антифашистичката борба, и уште помалку преку прифаќање на негационизмот и ревизијата дека Бугарија не била окупатор, сојузник на Оската, крвник на македонското население и геноциден сојузник на Хитлер во протерувањето на македонските Евреи.
Нема да прифатиме дека сме продукт на Коминтерната и комунистите, дека нашиот јазик и идентитет кои денес постојат се вештачка творевина измислена од странска сила или власт.
Гледате за сė тоа вие преговарате, а најголем дел од луѓето и историчарите, и домашни и странски, тоа не го прифаќаат. Не од некоја идеолошка заслепеност или националистичко лудило, туку од искрена желба за почитување на вистината, историскиот континуитет и меморијата своја и на своите предци.
Така што, заебете флоскули и извртени тези, луѓето знаат што бранат и за што се залагаат.
(ФБ статус на авторот)