НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОПРЕЧУВААТ НОВИНАРИТЕ ВО РАБОТАТА Тоа е неопходен предуслов за слободата на информирање, укажува ААВМУ
Новинарите имаат должност да известуваат за настани од јавен карактер, посочува Агенцијата по последниот инцидент од протестот на приватните превозници.
Да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се обезбедат услови за непречено извршување на нивните професионални задачи, апелира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со последниот инцидент на протестот на приватните автобуски превозници.
Како што пишувавме, полицајци побарале од новинарката Фазиле Халили од ТВ 21 да ги избрише видео-записите направени за време на протестот, поврзан со блокадите на приватните превозници. Во врска со овој инцидент Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека новинарите имаат должност да покриваат и известуваат за настани кои се од јавен карактер.
Агенцијата апелира да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се обезбедат услови за непречено извршување на нивните професионални задачи, затоа што тоа е неопходен предуслов за слободата на информирање.