НЕ СМЕ СИТЕ НАШИ Некои пратеници од СДСМ нема да гласаат против Гаши
Пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи нема да гласа за интерпелација на собранискиот спикер Африм Гаши. Ваквата негова одлука е дијаметрално спротивна од ставот на партискиот лидер Венко Филипче кој ги повика пратениците на СДСМ да гласаат за интерепалацијата.
Поранешниот потпретседател на Владата и актуелен пратеник на СДСМ Фатмир Битиќи не се согласува со партискиот став за интерпелација на собранискиот спикер Африм Гаши.
Тој во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик рече дека интерпелација што ја поднесе Левица е националистичка и ксенофобична и рече дека не може да најде аргументи за да ја поддржи.
За разлика од него, лидерот на СДСМ Венко Филипче порача дека партијата вчера изградила став дека ќе ја поддржи интерпелацијата против Гаши која што ја поднесе Левица.
Претходно, пратениците на ДУИ рекоа дека нема да гласаат за разрешување на Гаши.