НЕ СМЕ РАЗМИСУВАЛЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА Трамп го откажа патувањето на преговарачите во Пакистан

„Ние ги имаме сите карти, тие немаат никакви! Ако сакаат да разговараат, само треба да ни се јават“, напиша американскиот претседател.

1

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека откажувањето на патувањето на неговите советници во Пакистан не мора да значи продолжување на војната со Иран.

-Не, тоа не значи тоа. Сè уште не сме размислувале за тоа – рече Трамп во телефонски разговор со Аксиос.

Кога директно беше прашан дали одлуката да не се испратат пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да се толкува како чекор кон нова рунда конфликт, Трамп одговори дека такво сценарио во моментов не е во план.

Трамп претходно потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека го откажал патувањето на своите пратеници во пакистанскиот Исламабад, каде што требало да се сретнат со Иранците.

– Премногу време се троши на патувања, премногу работа е – рече Трамп.

Тој додаде дека има голем раздор и конфузија во рамките на иранското раководство и дека никој, дури ни тие самите, не знае кој е надлежен.

„Ние ги имаме сите карти, тие немаат никакви! Ако сакаат да разговараат, само треба да ни се јават“, напиша американскиот претседател.

Поврзани содржини