НЕ СМЕ ПОПЛАВЕНИ, ИМА ДЕФЕКТ НА НЕКОИ ИНСТАЛАЦИИ КАРИЛ ја демантира ВМРО-ДПМНЕ

42

Во интерес на правилно информирање на јавноста во однос на случувањата на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, сакаме да ги демантираме информациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбата на оваа клиника, се наведува во реакцијата од КАРИЛ.

„Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инсталации  (кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори…) Секоја од овие инсталации е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација.






Поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите поради што од предострожност е намален бројот на кревети. Дефектот е во фаза на санација.

Пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во рамки на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ. Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клиничките болници ГОБ „8 Септември“, Штип, Тетово и Битола кои се клинички болници и поседуват одделенија за интензивна нега оперемени со истата апартаура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. Во соопштението е појаснето дека за секој случај за кој колегите сметаат дека им треба дополнително мислење, да ги контактираат колегите од КАРИЛ

На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ. Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави“, се наведува во демантот.

 

Поврзани содржини