„НЕ СМЕ НИТУ МИРНИ, НИТУ НЕВИДЛИВИ“ Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста

Маршот започна во Паркот „Жена борец“, а потоа насобранието од Собранието, се упатија пред Министерството за образование и наука и Владата. 

284

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права.

Годинешниот настан беше најавен како протест, а не прослава, поради, како што беше истакнато од организаторите, зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата.






Маршот започна во Паркот „Жена борец“, а потоа насобранието од Собранието, се упатија пред Министерството за образование и наука и Владата.

– Државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност. Но, ние – ЛГБТИ+ заедницата – одбиваме да соучествуваме во таа тишина. Ние не сме ниту мирни, ниту невидливи. Нашето постоење е отпор, доказ дека постојат и други начини на соживот – базирани на радикална грижа, на солидарност, на колективно ослободување – беше посочено на Парадата на гордоста.

Поврзани содржини