НЕ СИ ГО НИ ЗАМИСЛУВАА ТОА ШТО ИМ ГО НАПРАВИВМЕ Ако Хезболах не ја сфатила пораката на Израел, ќе ја сфати, изјави Нетанјаху
Ако припадниците на Хезболах не ја разбрале пораката, ви ветувам, ќе ја сфатат, рече премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска дека Израел „постапил против Хезболах на начин што не можеле ни да замислат“.
– Ако припадниците на Хезболах не ја разбрале пораката, ви ветувам, ќе ја сфатат – рече Нетанјаху и повтори дека жителите на северен Израел ќе се вратат во своите домови откако ќе бидат евакуирани поради заканите на Хезболах од Либан.
Нетанјаху додаде дека ниедна земја не смее да толерира напади врз нејзините градови и дека Израел ќе направи сѐ за да воспостави повторно безбедна средина.