„НЕ ШИРАМ ПАНИКА, НО 20 ЗЕМЈИ ИМААТ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ“ Познатиот експерт вели дека светот станува опасен

Како директор на МААЕ, не можам да кажам. Тие се важни земји во Азија, Мала Азија и Персискиот Залив. Свет со 20 до 25 нуклеарно вооружени држави е непредвидлив и опасен, изјави Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија изразувајќи загриженост дека оние земји кои имаат произведуваат сè повеќе и повеќе од тактичкото оружје.

643

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека во светот може да има до 25 земји со нуклеарно оружје.

– Без да сакам да ширам паника. роцесот на разоружување или контролирано намалување на нуклеарните арсенали е запрен“ – изјави Гроси за италијанскиот весник „Ла Република“ во статија објавена денеска.






Гроси забележа и дека оние кои поседуваат нуклеарно оружје произведуваат сè повеќе и повеќе од него, вклучително и Кина. Според експертот, загрижувачко е и тоа што сè почесто се зборува за тактичките нуклеарни напади и тоа што лидерите на неколку земји ја објавија својата намера да се здобијат со нуклеарно оружје.

Запрашан да ги именува кои се дваесетината земји кои поседуваат вакво оружје, Гроси рече:

– Како директор на МААЕ, не можам да кажам. Тие се важни земји во Азија, Мала Азија и Персискиот Залив. Свет со 20 до 25 нуклеарно вооружени држави е непредвидлив и опасен.

Според повеќе експерти, во моментов во светот има 9 нуклеарни сили, 5 членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, но и Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел. Овие 9 земји се споменати во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) и во информациите од Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN).

Заедно, се проценува дека земјите поседуваат приближно 12.000 парчиња нуклеарно оружје, од кои Русија и САД имаат околу 10.700.

Поврзани содржини