НЕ СЕДНУВАЈ ЗАД ВОЛАН АКО СИ ПИЈАН Прославувајте одговорно и возете безбедно

Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи.

44

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) испрати соопштение преку кое апелира до граѓаните да не управуваат со возило доколку се под дејство на алкохол.

„Бидете внимателни за време на новогодишните празници. Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Не управувајте возило под дејство на алкохол. Возете одговорно и патувајте безбедно. Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно“, велат од РСБСП.

Поврзани содржини