НЕ СЕДИМЕ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ, ЈА ВРАЌАМЕ СИЛАТА НА ДРЖАВАТА Тошковски даде отчет за сработеното
Министерот за внатрешни работи порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции.
Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година.
Владата и МВР, посочи тој, нема да седат со скрестени раце додека криминалот ни ги уништува животите, туку ќе заштитат секој граѓанин.
Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела и заплениле над 430 килограми наркотици, меѓу кои рекордни количини кокаин, спречиле три обиди за меѓународен шверц и откриле злоупотреби кај компании за произвдоство на канабис, од кои одзеле над шест тони марихуана.
– Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција – рече Тошковски.
Во делот на корупцијата, министерот потенцираше дека не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и во безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на државата од над 17 милијарди денари.
– МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните – рече Тошковски.
Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.
Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба.
– Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме – наведе Тошковски, најавувајќи функцоналност преку проектот „Безбеден град“.
– Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило – рече Тошковски.
Министерот за внатрешни работи порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции.
– За жал, изминатата година ни се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во „Пулс“ во која изгубивме 62 млади животи, а над 200 беа поредени. За разлика од минатото кога по такви трагични настани немало ниту една кривична пријава поднесено од МВР сега МВР почна најголема истрага досега која резултираше со поднесување на повеќе кривичи пријави против десетици сторители меѓу коишто има и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции. Одговорност мора да има – рече Тошковски, во отчетот за сработеното во изминатата година.