НЕ СЕДЕТЕ ДОМА Температури и до 20 степени, суви коловози, снег на Шапка

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

204

Утрово најстудено е во Скопје – Петровец и Берово, -3 степени, а максимални пет степени се измерени во Крушево. Според УХМР, минус 2 степени Целзиусови утрово се измерени во Битола, Демир Капија, Струмица и Лазарополе, 0 степени во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Штип и Гевгелија, 1 во Крива Паланка, Претор, Прилеп и Дебар, 2 во Охрид и Дојран, како и 4 степени на Попова Шапка, во Маврови Анови и Виница.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 30 сантиметри, во Маврови Анови седум, а во Лазарополе еден сантиметар.






Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

 Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, информира УХМР и за утре најавува преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и со благ пад на дневните температури.

Поголемо наоблачување, како што информира, се очекува и на крајот од работната недела.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини