НЕ СЕ ЗНАЕЛО КОЈ СЕЧЕ, А КОЈ ПЛАЌА Владата на СДСМ и на ДУИ го уништи „Национални шуми“

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола во претпријатието „Национални шуми“, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

331

„Владата на СДСМ и на ДУИ и нивните кадри во ‘Национални шуми’ го уништила ова претпријатие“.

Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.






– „Национални шуми“ 7 години тоне во долгови, а е претпријатие кое продуцира вредност и може да биде не само самоодржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот – изјави Петрушевски.

Државниот завод за ревизија (ДЗР), вели тој, во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година, изготвен во 2023 година, констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола.

– ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа. Со СДСМ и со ДУИ во Национални шуми, ова претпријатие дошло до состојба да нема плати за вработените. Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина – додаде тој.

Поврзани содржини