НЕ СЕ ЗНАЕЛО КОЈ КОГО ТЕПА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО Физичка пресметка на две групи, еден затвореник заврши во 8 Септември

Во масовната тепачка, осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

1,250

Во масовната тепачка се случила вчера во затворот „Идризово“ во која учествувале две групи на затвореници, а едно лице со потешки повреди е пренесено во болницата „8 Септември“.

„На 01.06.2024 во 18:47 часот СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници“, информираа од МВР.






Во масовната тепачка, осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини