НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ЛУД, А КОЈ ЗБУНЕТ ВО ВЛАДАТА Милошоски прашува дали двајцата министри од проевропски станале проруски?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека во оваа кавга на Артан со Таравари, и во ова танго на Талат со Зијадин Села, за жал, Ковачевски и СДСМ се само неми статисти.

1,543

Би сакал да изразамизненадување што техничкиот премиер Талат Џафери почнал да следи социјални мрежи. Речиси и да немаше интервју во кое што тој не потенцираше дека тој не е фејсбук политичар, тој не е твитер политичар, нема фејсбук, нема твитер, не следи социјални мрежи итн. Сега гледаме одеднаш забележал како двајца министри во неговата Влада објавиле статуси на ФБ кои што не му се допаѓаат на техничкиот премиер“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на собраниска седница.

Милошоски му честита на техничкиот премиер што напреднал и почнал да ги следи социјалните објави на политичарите.






– Првата работа што сакам да ја потенцирам дека во оваа Влада којашто себеси се нарекува европски фронт не се знае денес кој е луд, а кој е збунет. Оваа Влада се нарекува европски фронт, но очигледно е дека е фронт на корупција и криминал. Фронт во кој што се борат секој за својата позиција и секој за повеќе тендери. До пред десет дена господинот Џафери беше убеден дека овие двајца министри се најдобриот избор за тие министерски позиции. Не поминаа ни десет дена, а сега го примаме ова како иницијатива за разрешување врз основа на објавени ФБ статуси. Да биде уште поконтраверзно тој самиот напомена дека не гледа некакви суштински забелешки во работата на овие министри кои што ги предлага за разрешување – укажа Милошоски.

Пратеникот посочи дека затоа прашањето е дали за десет дена овие министри од проевропски станаа проруски.

– Дали од проевропски станаа прокинески? Дали овие министри од проевропски станаа протурски? Или можеби станаа проавстралиски? Не знаеме во европскиот фронт кој која страна ја има фатено, каква грешка има направено, и што е тоа што ги обединува овие луѓе во власта. Но, тоа што го забележуваме е дека во власта досега ги обединувале тендерите, набавките, корупцијата и провизиите. На првата кавга кога забележаа дека постои реална основа оваа власт да падне и да биде сменета тогаш стравот почна да ги разединува токму затоа што ќе го изгубат она што ги обединуваше, а тоа се тендерите, набавките, корупцијата и провизиите – рече Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека во оваа кавга на Артан со Таравари, и во ова танго на Талат со Зијадин Села, за жал, Ковачевски и СДСМ се само неми статисти.

Поврзани содржини