НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ Е СУДИЈАТА ШТО „ВГРАДИЛ“ 350.000 ЕВРА ВО ЅИД? Ѓоко Ристов заминал на боледување, не одговара на мобилен

Две недели претходно истражителите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на МВР извршиле претрес во станот на судијата Ристов, но не нашле ништо сомнително.

9

Судијата Ѓоко Ристов, во куќата на чии родители беа откриени 350.000 евра соѕидани во ѕид, минатата недела во Апелациониот суд – Скопје, каде што е вработен, кажал дека е болен и оти ќе

замине на боледување и оттогаш неговите колеги не го виделе, откриваат извори во судот.






Од тогаш не се знае дали судијата Ристов е во државата, а на мобилниот телефон не одговара. Од обвинителството не одговориле на прашање на порталот Сдк.мк. дали знаат каде е судијата Ристов, туку рекле дека „деновиве јавниот обвинител ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот“.

Две недели претходно истражителите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на МВР извршиле претрес во станот на судијата Ристов, но не нашле ништо сомнително.

Истрагата се насочи кон судијата Ристов, откако претходно се водеше истрага против адвокатот Фехми Стафа за подмитување судија во Апелацискиот суд во Скопје. Истрагата сега е на трага да докаже дека станува збор за судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино, сопственост на неговиот татко, беше најдена голема количина банкноти во евра, соѕидани во ѕид.

Фехми Стафа беше поранешен Државен правобранител на Македонија, каде исто така работи сопругата на Ристов. Според истрагата од 14 декември, Стафа му дал поткуп на Ристов во име на обвинетиот бизнисмен Љупчо Пецов викан Ѓаволот, кој до неодамна беше во бегство.

Финансиската полиција обезбеди дополнителни детали од рациите во Неготино, каде што во ѕидот на куќа беа пронајдени 350.000 евра.
Финансиската полиција објавува дека зградата во Неготино е сопственост на родителите на судијата Ѓоко Ристов.

„Како дел од широка и сложена истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција, по наредба на судијата на претходна постапка, минатиот викенд спроведе рација на локација во Неготино.“

„Операциите беа спроведени под раководство на Управата за финансиска полиција, во координација со надлежниот јавен обвинител. Рацијата беше спроведена во домот на родителите на лице – судија во Апелациониот суд во Скопјe, осомничено за кривично дело „Недозволена добивка и прикривање на имот““.

„За време на рацијата, во посебен простор тајно вграден во ѕидот на зградата, пронајдени и запленети се околу 350.000 евра, за кои постојат сомневања дека произлегуваат од нелегални активности поврзани со корупција и злоупотреба на влијание“, се вели, меѓу другото, во соопштението на Финансиската полиција.

ПРОНАЈДЕНИ СОЅИДАНИ 350.000 ЕВРА ВО ДОМОТ НА АПЕЛАЦИСКИОТ СУДИЈА ЃОКО РИСТОВ Осомничен е за противправно стекнување и прикривање имот

Поврзани содржини