НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАЈТЕ НА СОНЦЕТО Од вторник нов пад на температурите, пристигнува студен бран

По краткиот потопол период за време на викендот, метеоролозите предупредуваат на ново заладување и пад на температурите уште од почетокот на следната недела.

865

За време на викендот, денеска и утре, особено во сабота, во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд.

На кратко имаме малку потопло време, следната седмица ново заладување на времето.






Според она што во моментов го цртаат прогностичките материјали, односно Европскиот модел за среднорочна прогноза (ECMWF) по релативно пријатно топлиот викенд и малку повисоките температури кои ќе ги имаме преку ден, веќе во текот на следната седмица ќе имаме температури кои повторно ќе бидат претежно потпросечни за месец октомври, тоа значи дека очекувам нов продор на поладен воздух од исток и од свероисток кој ќе услови нов пад на температурите на воздухот.

Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини