НЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВАЈТЕ ОД ЗВУКОТ НА ВОЕНИТЕ БОМБАРДЕРИ ВО 14.35 ЧАСОТ Два авиони на НАТО ќе прелетаат над земјава

Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

449

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14.35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.






– Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија – појаснуваат од МО.

Поврзани содржини