„НЕ СЕ ВАКЦИНИРАЈ“ Наместо смирувачки, слоганот шокираше многумина (ФОТО)
Камион со името на наводната погребна компанија „Вилмор погребна куќа“ се појави во неделата на улиците на тој град во Северна Каролина, и наместо смирувачки слоган напишано е „Не се вакцинирај“.
Многумина во САД бараат начин да охрабрат што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат против коронавирус користејќи пари, бесплатна храна, одмори, билети за СуперБоул.
Меѓутоа, една рекламна агенција од Шарлот одлучи да ги напушти традиционалните маркетинг стратегии.
Камион со името на наводната погребна компанија „Вилмор погребна куќа“ се појави во неделата на улиците на тој град во Северна Каролина, и наместо смирувачки слоган напишано е „Не се вакцинирај“.
Но, сепак во името на компанијата има една „цака“. Не постои погребна компанија „Вилмор“, и со посета на веб-страницата на таа наводна компанија, всушност се оди на страницата со упатства до посетителите на страницата да го направат спротивното од она што е напишано на камионот.
Пораката „Вакцинирај се сега“ се појавува на страницата, заедно со пораката „Ако не, се гледаме наскоро“.
– Конвенционалното рекламирање не функционира. Обичните пораки кои велат „Вакцинирај се“ некако се спојуваат со сè друго. Сакавме да направиме нешто што се гледа од поинаква перспектива, да ги шокираме луѓето“, вели директорот на маркетинг агенцијата која стои зад слоганот на камионот.
The message is brought to you by Wilmore funeral home. @ogesh100 pic.twitter.com/JFypzer7Or
— 🌐Afro centric 🔊 (@Afro_254) September 22, 2021