НЕ СЕЈТЕ ХАОС ВО СИРИЈА, ЌЕ ИМА ПОСЛЕДИЦИ Новиот шеф на сириската дипломатија остро го предупреди Иран

Иран треба да ја почитува волјата на сирискиот народ, како и суверенитетот и безбедноста на државата. Ги предупредуваме да не внесуваат хаос во Сирија и ги сметаме за одговорни за последиците од нивните последни изјави, напиша на платформата Икс новоименуваниот министер за надворешни работи на Сирија, Асад Хасан ал-Шибани.

575

Новоименуваниот министер за надворешни работи на Сирија, Асад Хасан ал-Шибани, го предупреди Иран да не сее хаос во земјата.

„Иран треба да ја почитува волјата на сирискиот народ, како и суверенитетот и безбедноста на државата. Ги предупредуваме да не внесуваат хаос во Сирија и ги сметаме за одговорни за последиците од нивните последни изјави“, напиша Шибани на платформата Икс.






Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, во неделата изрази увереност дека младите Сиријци ќе им се спротивстават на новите власти кои произлегоа од сунитските бунтовнички и исламистички групи што го соборија претседателот Башар ал Асад претходно овој месец.

Иран потроши милијарди долари и распореди свои елитни воени единици за да го поддржи режимот на Асад за време на 13-годишната граѓанска војна. Падот на Асад се смета за тежок удар за „Оската на отпорот“, предводена од Иран,  против Израел и САД.

ИГРА НА ТРОНОВИ МЕЃУ ИРАН И ТУРЦИЈА ВО СИРИЈА Зошто Техеран се дистанцира од Асад?

Поврзани содржини