НЕ СЕ СМИРУВА ТЛОТО ВО ТУРЦИЈА Нов земјотрес во Кахраманмараш
Кахраманмарас беше епицентарот на двата разорни силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди турската провинција Кахраманмараш. Епицентарот на земјотресот бил во областа Гоксун, на длабочина од седум километри, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации.
Провинцијата Кахраманмараш беше епицентар на двата разорни силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Во тие земјотреси загинаа повеќе од 50.000 луѓе.