НЕ СЕ САМО ВОЗАЧИТЕ ЗА ЌОТЕК, ТУКУ И ПЕШАЦИТЕ Полицијата само вчера им изрече 186 казни

Полицијата информира дека вкупно биле издадени 1.039 платни налози. Од нив, 76 возачи биле санкционирани поради управување без возачка дозвола, осум биле фатени како минуваат на црвено светло, додека четворица биле исклучени од сообраќај поради возење во алкохолизирана состојба.

327

Во рамки на полициските сообраќајни контроли спроведени на 12 февруари низ патиштата во земјава, регистрирани се дури 186 прекршоци направени од пешаци, што укажува на потребата од зголемена сообраќајна култура и одговорност.

Како и досега, најголем број прекршочни пријави се издадени за непочитување на дозволената брзина – 224, како и за непрописно паркирање – 285. Дополнително, биле санкционирани 43 возачи поради неносење сигурносен појас, а 40 за користење мобилен телефон додека управуваат возило.






Полицијата информира дека вкупно биле издадени 1.039 платни налози. Од нив, 76 возачи биле санкционирани поради управување без возачка дозвола, осум биле фатени како минуваат на црвено светло, додека четворица биле исклучени од сообраќај поради возење во алкохолизирана состојба.

Во рамки на контролите, регистрирани биле и 20 нерегистрирани возила, кои биле санкционирани согласно Законот за возила.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот, вклучително и пешаците, да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини