НЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ВО ВЛАДАТА Ковачевски вели дека партијата е за европска иднина на земјава
Премиерот рече дека го радува што владините ставови што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка од оваа партија.
Моментално не се разговара за влез на опозициската Алијанса на Албанците во Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачески на прес конференција во Владата.
Тој рече дека го радува што владините ставови што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка од оваа партија.
– Тоа е политичка партија која во својата програма и јавни настапи има добар дел од ставовите кои се прогресивни во делот на продолжување на европскиот пат на државата, во делот на борбата против корупцијата, владеењето на правото и сметам дека тоа е добро. Меѓутоа, во моментов не се разговара за конкретна соработка во дел на приклучување кон владата. Но, ме радува дека ставовите што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка во АА – рече Ковачевски.