НЕ СЕ ПРОПУШТА ТАКВА МОЖНОСТ ЦИА во офанзива за регрутирање шпиони во Русија

733

Директорот на американската ЦИА Вилијам Брнс изјавил дека незадоволството во Русија со војната во Украина е можност која што се пружа еднаш во една генерација за регрутирање шпиони и дека неговата агенција не ја испушта таа можност.

– Одбивноста кон војната ќе продолжи да го јаде руското раководство под постојаната државна пропаганда и практикувана репресија. Тоа незадоволство создава прилика која се појавува еднаш во генерација за нас во ЦИА и не дозволуваме да пропадне – изјавил Брнс, пренесе Индекс.хр.






Според него, вооружениот бунт на платеничкиот водач Евгениј Пригожин го покажал корозивниот ефект од војната на претседателот Владимир Путин во Украина врз Русија.

-Зачудувачки е што Пригожин, пред неговите акции упати жестоко обвинение против лажното образложение на Кремљ за инвазијата на Украина и водењето на војната од страна на руското воено водство. Влијанието на тие зборови и тие постапки ќе биде присутни уште некое време и ќе биде жив потсетник за корозивниот ефект на војната на Путин врз сопственото општество и режим – рече Брнс.

Тој го опиша бунтот како „вооружен предизвик за руската држава“, но кажа и дека тоа е „внатрешна руска работа во која САД немаат и нема да имаат удел“.

 

Поврзани содржини