НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, АМА БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ Трајанов со порака до граѓаните по убиствата на Вања и Панче
Како што изјави вечерва во „Топ тема“ на телевизија Телма, оправдана е реакцијата и револтот кај граѓаните, кои, како што рече, не се чувствуваат сигурни и безбедни.
Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, не се согласува со оценките дека безбедноста во државата е на највисоко ниво.
Како што изјави вечерва во „Топ тема“ на телевизија Телма, оправдана е реакцијата и револтот кај граѓаните, кои, како што рече, не се чувствуваат сигурни и безбедни.
По убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Трајанов нагласи дека граѓаните не треба да се плашат, но треба да бидат претпазливи.
– Апелирам до Владата, до државните институции, сето она што се пројавува како криминал, насилство, заплашување, рекет, нарко-бизнис, да дејствуваат без никаков страв. Не смее политиката да се меша во овие стручни институции и оперативци. Верувам деја таму има високостручни професионалци кои си ги извршуваат своите задачи. Треба метла, кадровско прочистување на сите државни институции, да не останат партиски неспособни кадри да работат на високи позиции. Затоа имаме слаба администрација, слаби институции, лоша безбедност – заклучи Трајанов.