НЕ СЕ ПАЗАРАМ СО НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО Ахмети ги демантираше тврдењата на косовската Академија на науките и уметностите

3,461

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја демантираше косовската Академија на науките и уметностите која во своја анализа го обвини дека би прифатил поделба на Косово, јавува Алсат.

– Без разлика на изјавите или анализите што се прават дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сè од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели – рече Ахмети.






Меѓу тврдењата на Академијата кои Ахмети ги демантираше се и дека наводно тој успеал да доминира со провладини медиуми во Македонија и дека пробал да убеди некои од албанските лидери во земјата во иднина да не бараат приклучување кон Косово или кон Албанија „за да не ја фрагментираат оваа држава“.

Анализата наведува и дека Ахмети сепак не успеал да го промени мислењето на мнозинството Албанци во Македонија кои се против поделба на Косово.

 

Поврзани содржини
na